Џорџина Родригез го прослави својот 28-ми роденден во Дубаи. Шармантната трудница доби специјално изненадување од Кристијано Роналдо.
Роденденска честитка за Џорџина се прикажуваше на највисоката зграда во светот Бурџ Халифа, која совршено се гледаше од ресторанот каде што вечераа со семејството.
Заедно со Џорџина и Кристијано беа нивните четири деца – Кристијано Џуниор, Ева и Матео и Алана Мартина. Парот сега очекува близнаци.
„Вака завршува овој возбудлив ден. Немам зборови. Фала, фала и фала Кристијано не може да ме правиш посреќна секој ден“ – напиша Џорџина на фотографиите.