Каролина Гочева повторно се дружеше со ѕвездичките од „Дајте музика“.
40-годишната македонска пејачка заедно со Јован, Наташа, Филип, Саша, Кики и Тео пееше и се забавуваше изведувајќи ја „Обичен необичен ден“, која минатата година ја сними за шоуто.
Видеото е снимено кај прекрасниот аквадукт во Скопје.