Елена Ристеска ја имитираше Џеси Џеј во седмата епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Македонската пејачка ја изведе „Do It Like A Dude“, а потоа во настапот ѝ се приклучија Катарина Богичевиќ како Аријана Гранде и Ненад Окановиќ како Ники Минаж. Триото го копираше настапот на трите музички ѕвезди од доделувањето на видео музичките награди на MTV, при што ја изведе „Bang Bang“.
И покрај тоа што имаше мала непријатност со цирконите на усните, Елена успеа максимално да влезе во улогата на 26-годишната Англичанка која се прослави со хитот „Price Tag“.