Откако во минатонеделната епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ ја имитираше Северина, Елена Ристеска синоќа влезе во улогата на поп-ѕвездата Бритни Спирс.
Македонската пејачка го отпеа хитот „I'm a Slave 4 U“. Инспирирајќи се од настапот на Спирс на MTV Video Music Awards во 2001 година, Елена танцуваше и со жив питон.
Во интервју за српската телевизија Прва, Елена споделила кои се најсреќните мигови во нејзиниот живот. „Професионално, кога победив на шоуто за таленти „М2 - потрага по ѕвезда“ во 2002 година, затоа што тогаш започна мојата музичка кариера. Приватно, кога се роди мојата внука која се вика Делфина на 16 август 2014 година“ – рекла таа.
Кога била прашана кој е нејзиниот рецепт за успех, таа изјавила: „Работа, работа и само работа. Секогаш на крајот работата се исплаќа.“