Македонската пејачка Елена Ристеска синоќа настапи во телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“.
Исполнувајќи ја задачата да ја имитира Северина, Елена се појави на сцената во провокативен костим и ја испеа „Uno Momento“ додека невоздржано флертуваше со камерата.
Елена изјавила дека прифати да учествува во шоуто заради тоа што е голем предизвик за неа. „Многу тешко ја донесов одлуката, но на крајот прифатив затоа што сфатив дека тоа е навистина голем предизвик. Кога гледате од другата страна на телевизорот, мислите дека е лесно, но тоа не е така лесно. Јас во овој момент треба да бидам фокусирана на три нешта – глума, пеење и движење за да ја исполнам својата задача“ – рекла таа.