Елена Ристеска беше исправена пред голем музички предизвик во шоуто „Твоето лице звучи познато“. Имено, македонската пејачка доби задача да влезе во улогата на Кармен и да ја исполни оперската арија „Habanera“ од најпознатото дело на Жорж Бизе.
И покрај здравствените проблеми, Елена како вистинска професионалка даде сè од себе на сцената. Марија Михајловиќ од жири-комисијата објасни дека поради воспаление, Елена пред самиот настап примила неколку инјекции.