Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам реши да го искористи својот шарм и статус на славна личност за да натера една масерка да прави смешни нешта на скриена камера.
Во средата Дејвид учествуваше во шоуто на Елен Деџенерис. Како дел од шоуто, тој отиде на масажа кај жена која не знаеше кого да очекува и не знаеше дека има скриена камера во собата за масажа.
35-годишниот фудбалер постојано ги следеше упатствата на Елен кои ги добиваше по скриена слушалка во неговото уво. Влегувајќи тој ѝ рече на масерката дека не сака да го нарекува Дејвид, туку Рики, а потоа побара да го масира без да ги употребува палците од раката.
На крајот дури и успеа да ја убеди да му ја пее мелодијата од песната „Happy Birthday“ како дел од „вибрациска терапија“.
Покажувајќи актерски способности и голема сериозност, Дејвид требаше да ѝ кажува на зачудената масерка работи како „понекогаш е толку тешко да си убав“ или „луѓето понекогаш ми кажуваат дека имам кожа како млади праски“. Погледнете го видеото.