Лејди Гага повторно успеа да шокира со настап опишуван како бизарен, одвратен и провокативен.
За време на концерт во Остин, Тексас, на сцената беше поканета девојка која пиеше обоено млеко, а потоа повраќаше врз Лејди Гага. Станува збор за Мили Браун, девојка која создава уметнички дела со повраќање.
Иако настапот со песната „Swine“ требаше да има уметнички карактер, многумина се згрозени од истиот, бидејќи воглавно се поврзува со булимија и анорексија – проблеми со кои и Лејди Гага се соочувала во минатото.
Гага соработуваше со Мили и за турнејата „Monster Ball“.