Вечерва во Торино беа избрани првите финалисти на Евровизија. На сцената во „Пала Олимпико“ се претставија музичари од вкупно 17 земји, а само 10 од нив си обезбедија место во големото финале.
Еве кои се најгласаните песни на првата полуфинална вечер:
Швајцарија
Ерменија
Исланд
Литванија
Португалија
Норвешка
Грција
Украина
Молдавија
Холандија
По првата селекција, отпаднаа песните на Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија.
Македонската претставничка Андреа ќе настапи во второто полуфинале на 12 мај.