Откако се слеаја илјадници критики за нејзината постапка на отворањето на Евровизија, Андреа се извини и порача дека се надева да продолжиме со евровизиското патување со позитива.
Младата пејачка е масовно критикувана откако го фрли македонското знаме додека позираше на тиркизниот тепих, а еве го нејзиното појаснување и извинувањето:
Видео
Сакам да направам една кратка изјава од отворањето, затоа што видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува, затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.
Но, во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше стварно навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука, затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова...
Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме.
Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме навистина да поминеме со ова.
МРТ најостро ја осуди постапката и соопшти дека размислува за повлекување на младата пејачка од музичкиот спектакл.