Андреа Коевска со одлична изведба нè престави на евровизиската сцена во Торино.
22-годишната пејачка ја отпеа „Circles“ во салата „Пала Олимпико“ во рамките на втората полуфинална вечер. Фокусот на настапот беше ставен на самата Андреа, која беше облечена во црна комбинација со авангардни ноти стилизирана од Цаци Паковска.
Музиката ја потпишува Александар Масевски, кој заедно со Андреа го напиша и текстот на песната.
Евровизискиот настап на Андреа
Македонската музичарка се бори со претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка за место во големото финале.
Наскоро ќе дознаеме дали евровизиската трка за нас продолжува или не.