Андреа Коевска не успеа да ни обезбеди место во финалната фаза на Евровизија 2022.
22-годишната пејачка со моќна изведба на „Circles“ се престави пред милионската публика. Сепак, бројот на освоени гласови не беше доволен за пласман во финалето.
Во големото финале влегоа претставниците на Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.
Денешните победници, заедно со првите финалисти и претставниците на Италија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција ќе ги видиме во финалето на 14 мај.
За потсетување, Андреа настапи со „Circles“ во салата „Пала Олимпико“ во Торино. Драматичните светла ја засилија изведбата на младата музичарка која носеше црна комбинација стилизирана од Цаци Паковска.