Констракта со својата необична песна „In Corpore Sano“ ја освојува евровизиската публика.
Српската музичарка настапи трета по ред во втората полуфинална вечер и е единствената натпреварувачка која пее на својот мајчин јазик.
Талентираната пејачка, чие вистинско име е Ана Ѓуриќ, се претстави во салата „Пала Олимпико“ во бела комбинација додека нејзините придружници беа облечени во црно за подраматичен визуелен ефект.
Текстот на песната е на самата Констракта, која за музиката соработуваше со Милован Бошковиќ.
Настапот на Констракта
Со оглед на тоа што српската претставничка е меѓу фаворитите годинава, се очекува да ѝ обезбеди на Србија пласман во големото финале.