Македонија беше многу блиску до пласман во финалето на Евровизија. По објавувањето на деталното гласање од полуфиналето, стана јасно дека Андреа Коевска беше рангирана на 11. место, а само првите десет од листата добија „зелено светло“ за премин во финалната фаза од музичкото натпреварување.
За настапот на Андреа со „Circles“, најмногу поени од публика добивме од Црна Гора (10), а кога станува збор за жири-комисиите, најмногу поени ни додели Германија (12).
Македонија имаше вкупно 76 поени додека над нас заврши Азербејџан, кој влезе во финалето со вкупно 96 поени, од кои сите добиени од жирија, а ниту еден од публика.
Кои земји гласаа за нас во полуфиналето?
Како гласаше Македонија во финалето?
Македонската публика максимален број на бодови ѝ додели на Констракта од Србија додека македонското жири со 12 бода ја награди Шанел од Шпанија.
Во големото финале во Торино, победи Калуш оркестар од Украина со „Stefania“.