Драган Спасов-Дац и Александар Митевски приредија убаво изненадување во Кавадарци.
Македонските музичари се појавија на прославата по повод 30-годишнината од матурата на гимназијата „Добри Даскалов“ од Моклиште. На својот Facebook профил, тие споделија кратко видео и фотографија од атмосферата.
„Синоќа бевме изненадување за 30-годишнината на матурантите од гимназијата ‘Добри Даскалов’ од Кавадарци во преубавото Моклиште. Прекрасна енергија, убави луѓе“ – напишаа тие.