Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс пред и после ретуширање

Бритни Спирс пред и после ретуширање

Кога се појавија сликите од Бритни за минатата рекламна кампања на Candie’s, иако медиумите пишуваа дека младата пејачка изгледа одлично, имаше и такви кои го критикуваа нејзиниот изглед. Сепак, ако се земе во предвид тешкиот период кој таа го помина, нејзиниот изглед можеше и да се оцени и како одличен.

Фотографиите за новата рекламна кампања на американскиот бренд Candie’s повторно привлекоа големо внимание. Бритни Спирс овој пат решила да покаже како навистина изгледа во реалност без никакво ретуширање, па дозволила заедно со коригираните да се појават и оригиналните фотографии, за да можат луѓето да ја видат разликата.

Бритни СпирсБритни Спирс пред и после ретуширање

29-годишната пејачка, која воедно е и мајка на две деца, сакала со овој потег да го истакне притисокот кој се прави врз жените за да изгледаат совршено.

На фотографиите јасно се гледаат направените корекции како отстранување на целулитот, синините по нозете, тетоважата на нејзината половина, намалени бутови, намален струк, помал задник и совршена кожа.

Бритни СпирсБритни Спирс пред и после ретуширање

Галерија

Еве уште неколку фотографии кои не поминале низ дигитална обработка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19711 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.