Познатата Бритни Спирс повторно започна да го привлекува вниманието со нејзиното чудно однесување. Таа била забележана како плаче во јавност, создава драматични љубоморни сцени и лудува по ноќни клубови.
Токму таквото однесување било причината нејзиното момче Џејсон Травик, кој воедно е и нејзин менаџер, да раскине со неа.
„Бритни во моментов има манијачко однесување кое што излегува од контрола“ – пишува британското Now magazine, потпирајќи се на извори блиски до пејачката.
Бритни обожавала да посетува ноќни клубови, додека Џејсон сакал да имаат тивка вечера со пријатели. Таа била премногу посесивна и љубоморна. Не пропуштала прилика да направи сцени, забранувајќи му на Џејсон да разговара со други девојки. Исто така побарала и лозинка од неговиот телефон за да проверува со кого тој одржува контакт.
Освен тоа што проблемите во врската им се множеле, според изјавите на блиски пријатели на Бритни, таа била екстремно параноична и верувала дека некој ја шпионира.
„Долгите години на следење од папраците веќе се одразија врз неа. Дури и дома е уверена дека некој се крие во грмушките. Таа е многу параноична и не може да спие. Понекогаш бара некој да ја вози наоколу додека не заспие.“
Пред неколку дена во таблоидите се пишуваше и дека Бритни понекогаш престојувала по неколку дена во хотел кој се наоѓал во непосредна близина на нејзиниот дом.
Никој не би сакал однесувањето на Бритни повторно да излезе од контрола, но изгледа работите тргнале натаму.