Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам беа гости на забавата на Vanity Fair по повод доделувањето на Оскарите. 29-годишната Англичанка позираше пред бројните фоторепортери во елегантен фустан кој ѝ го истакнуваше пораснатото трудничко стомаче.
Сребрената креација, кој доаѓа од високата мода на Версаче, Роузи ја искомбинира со сандали од Gianvito Rossi, чантичка од Tyler Ellis и блескави обетки од Nirav Modi.
Познатиот модел и 49-годишниот актер се верија пред една година. Дотогаш тие беа во врска пет години. Таа објави дека е бремена со фотографија на Instagram.