Роузи Хантингтон-Вајтли го придружуваше својот свршеник на премиерата на неговиот нов филм „Mechanic: Resurrection“.
На свечениот настан во Холивуд, поранешниот ангел на Victoria’s Secret привлекуваше погледи во дводелна розова креација од Balmain и впечатливи обетки од Vhernier.
29-годишниот модел со широка насмевка позираше покрај својот сакан Џејсон Стејтам, кој ја има главната машка улога во филмот.
„Mechanic: Resurrection“ е продолжение на „The Mechanic“, а покрај Стејтам, главна улога во филмот има и Џесика Алба.