Бред Пит и Анџелина Џоли ќе лансираат свој бренд за вино. Славниот пар, кој од 2008 година поседува 1.000 акри лозје во Франција, ќе пушти во продажба вино под името Miraval.
Првото вино ќе биде винтаж розово розе од 2012 година, направено во соработка со лозарот Марк Перин.
49-годишниот актер и 37-годишната актерка многу често престојуваат во Франција, каде и се развила нивната љубов кон производството на вино.
Анџелина Џоли вчера била фотографирана во Лос Анџелес, на шопинг со своите деца Пакс и Захара.