Борко Ристовски среќно чекори во петтата деценија од животот. Поранешниот ракометен голман го прослави својот 41-ви роденден во друштво на семејството.
Македонскиот спортист сподели фотографии на кои дува свеќички на роденденската торта, а покрај него се неговата сопруга Нина и двете деца Душан и Анастасија.
„Мала торта за голема бројка на години. Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема! 41 година, а се осеќам како 25“ – напиша Борко.


Неговиот син Душан му нацрта сладок цртеж за роденденот.
