Срцата на Борко и Нина Ристовски се полни со љубов. Македонскиот ракометен голман и неговата сопруга го добија второто дете.
Среќната вест ја соопшти Нина, споделувајќи фотографии со новородената ќеркичка направени по породувањето во болница. Девојчето го доби името Анастасија.
„Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре 31. 01. 2023. Моја Анастасија, сосема на време да се заљубам уште еднаш по прв пат“ – напиша Нина во описот.


Нина претходно објавуваше фотографии на кои позира со трудничкото стомаче.
Нина и Борко стапија во брак во јануари 2018 година, а нивното прво дете се роди во април истата година.