Борко Ристовски несомнено е горд на своето семејство. 35-годишниот голман на македонската ракометна репрезентација сподели фотографии со малото синче и сопругата Нина заедно со емотивна порака за нив.
„Тие се отчукувањата на моето срце, пулсот во моите вени и енергијата на мојата душа“ – напиша среќниот татко во описот.
Борко и Нина го добија малиот Душан на почетокот од овој месец.


И Нина сподели фотографии до новороденото синче.
Парот стапи во брак во јануари оваа година.