Борко и Нина Ристовски имаа уште еден повод за славење. Македонскиот ракометен голман и неговата сопруга го прославија 5-тиот роденден на синот Душан.
На Instagram, Нина објави фотографии од среќниот ден и роденденската прослава на малото момче.
На една од фотографиите, Борко и Нина позираат со славеникот Душан и двомесечната Анастасија.


Нина објави и постари фотографии со малото синче за да му посака среќен роденден. „Денес е мојот најголем празник. Мојата љубов полни 5 години. Те обожавам сонце мое, ти благодарам за секој миг“ – напиша таа.





