Бон Џови ја освои првата награда „Икона“ на iHeartRadio. Популарниот рок бенд, кој 35 години освојува на музичката сцена, ја прими наградата за време на синоќешната манифестација која се одржа во Инглвуд, Калифорнија.
56-годишниот Џон Бон Џови одржа краток говор во кој им се заблагодари на фановите и ги отпеа големите хитови „It’s My Life“ и „You Give Love a Bad Name“.
„Во оваа игра сме долго време и единствениот совет кој ќе им го дадам на оваа неверојатна генерација од неверојатни таленти е да останете она што сте и еден ден вас ќе ве прогласат за икони“ - рече Џон.
Shot through the heart
— iHeartRadio (@iHeartRadio) March 12, 2018
And you're to blame
Darlin', you give love a bad name@bonjovi #iHeartAwards2018 pic.twitter.com/shwqOpNOvB
.@bonjovi has us screaming "It's my lifeeeeee" #iHeartAwards2018 pic.twitter.com/8ahrAqWLpR
— iHeartRadio (@iHeartRadio) March 12, 2018