Бон Џови ги изненадија своите фанови со нов сингл и спот со кој се враќаат кон своите „корени“.
Во видеото за „This House Is Not For Sale“, фронтменот Џон Бон Џови се вози во автомобил и со носталгија ги разгледува куќите кои некогаш биле дел од неговиот живот.
Албумот „This House Is Not For Sale“ е четиринаесетти студиски албум на Бон Џови, а ќе биде објавен на 21 октомври. Ова е прв албум без гитаристот Ричи Самбора, кој го напушти популарниот рок бенд.