Легендарниот рок бенд Бон Џови го објави видео записот за синглот „Because We Can“, кој се наоѓа на 1. место на iTunes во 12 земји во светот.
Спотот е режиран од Фишер Стивенс, а ги покажува Џон Бон Џови, Ричи Самбора, Дејвид Брајан и Тико Торес во боксерски ринг.
„Because We Can“ е дел од новиот албум на популарната музичка група, „What About Now“, кој ќе ги радува нивните обожаватели од 26 март.