Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс наскоро ќе станат родители. 27-годишната актерка ја објави среќната вест преку фотографија на која се гледа нејзиното големо трудничко стомаче.
Слатката фотографија била направена од братот на Лајвли, а беше објавена на нејзиниот сајт Preserve.
Лајвли никогаш не ја криела желбата за големо семејство. „Отсекогаш сум сакала големо семејство. Ох, би сакала 30 деца кога би можела“ – изјави таа во интервју за „Allure“.
Привлечниот пар стапи во брак во септември 2012 година и вложува многу труд за да го зачува приватниот живот подалеку од медиумските рефлектори.