Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе и Џеј Зи – најдобро платен пар во Холивуд

Бијонсе и Џеј Зи – најдобро платен пар во Холивуд

Бијонсе и Џеј Зи

Бијонсе и Џеј Зи се парот кој што најдобро заработува во Холивуд. Со заедничка заработка од 122 милиони долари во периодот од јуни 2008 до јуни 2009 година, тие се најдоа на врвот на листата на холивудски парови со најголема заработувачка што ја состави Forbes.com.

Славниот пар го натрупа ова богатство благодарение на нивните филмови, музика, парфеми и договори за спонзорства со големи брендови како Бадвајзер и Американ Експрес. Поголемиот дел од големата сума доаѓа од страната на Бијонсе. Таа заработила неверојатни 87 милиони долари, наспроти 35-те милиони на Џеј Зи.

Бијонсе и Џеј Зи и минатата година беа на врвот на оваа листа со заработени 162 милиони долари.

На второ место по заработено богатство се наоѓаат Харисон Форд и Калиста Флокхарт, кои имаат заработено двојно помалку од лидерите на листата. Скоро целата нивна заработка од 69 милиони долари доаѓа од страната на Харисон Форд, кој само за новото продолжение на Индијана Џонс добил цели 65 милиони долари.

Третото место им припадна на Бред Пит и Анџелина Џоли, кои успеале да ја зголемат својата сметка со вкупно 55 милиони долари. Бред и Анџелина подеднакво придонеле за таа сума.

Најдобро платени славни парови

  1. Beyonce Knowles и Jay-Z (122 милиони долари)
  2. Harrison Ford и Calista Flockhart (69 милиони долари)
  3. Brad Pitt и Angelina Jolie (55 милиони долари)
  4. Will Smith и Jada Pinkett Smith (48 милиони долари)
  5. David и Victoria Beckham (46 милиони долари)
  6. Ellen DeGeneres и Portia de Rossi (36 милиони долари)
  7. Tom Hanks и Rita Wilson (35.5 милиони долари)
  8. Jim Carrey и Jenny McCarthy (34 милиони долари)
  9. Tom Cruise и Katie Holmes (33.5 милиони долари)
  10. Chris Martin и Gwyneth Paltrow (33 милиони долари)
  11. Sarah Jessica Parker и Matthew Broderick (29 милиони долари)
  12. Tim McGraw и Faith Hill (28 милиони долари)
  13. Eva Longoria Parker и Tony Parker (22 милиони долари)
  14. Katherine Heigl и Josh Kelley (20 милиони долари)
  15. Nicole Kidman и Keith Urban (17 милиони долари)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.