Англискиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата амбициозна сопруга Викторија не оставаат брендот „Бекам“ да остане запоставен. Нивниот заеднички бизнис, кој вклучува учество во кампањите на Емпорио Армани за долна облека и создавање на машки и женски парфеми, досега им има донесено огромно богатство и слава, па очигледно е дека немаат намера да се откажат од тоа да бидат во центарот на вниманието.

Новите парфеми „Intimately Beckham Yours“ од Дејвид и Викторија Бекам се дизајнирани за да ја доловат нивната страст и моќта на нивната врска. Затоа, Бекамови решија да ги промовираат новиот машки и женски мирис со секси реклама во која двајцата имаат жешка средба во лифт.
Погледнете го видеото.