Анџелина Џоли на манифестацијата BAFTA го поддржа движењето Time’s Up, чија главна цел е правна поддршка на жени и мажи кои биле сексуално малтретирани, злоупотребени или нападнати на работното место.
Имено, на црвениот тепих пред доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности, речиси сите гостинки (со мали исклучоци) носеа црна облека, па и Џоли го испочитува неофицијалниот дрес-код.
42-годишната актерка и режисерка се појави во црн фустан од британската модна куќа Ралф и Русо.
Филмот „First They Killed My Father“, режиран од Анџелина, беше номиниран за награда во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје. Џоли на свеченоста се појави со Лун Ун, по чија книга е создаден филмот.