Блејк Лајвли присуствуваше на фестивалот за книги „Book Bonanza“, за да го промовира новиот филм снимен по книгата „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер.
Харизматичната актерка ги истакна тонираните долги нозе во мини креација од Balmain и измами многу комплименти.
Во својот стајлинг, 36-годишната филмска ѕвезда не пропушти да додаде и сандали од омилениот дизајнер Кристијан Лобутин.
Покрај Блејк, дел од панел-дискусијата беше и самата Колин Хувер и актерот Брендон Скленар.
Блејк ја имаше поддршката од својата свекрва Тами, мајката на Рајан Рејнолдс.