Адријана Лима со динамичен и елегантен стајлинг го освојуваше вниманието на премиерата на новиот филм за Индијана Џонс на Канскиот филмски фестивал.
На црвениот тепих на третиот ден од манифестацијата, убавата Бразилка ги привлекуваше објективите на фоторепортерите во црно-жолта креација од Тамара Ралф.
Андре Лемерс, со кого Лима го доби третото дете во септември минатата година, ја придружуваше на големата свеченост.