Адријана Лима и Андре Лемерс го искористија престојот во Кан за да присуствуваат на гламурозната забава на компанијата за накит Chopard.
40-годишната манекенка, која е бремена со нејзиното трето дете, носеше зелена креација од Роберто Кавали.
Пред фоторепортерите, Андре ѝ го бакнуваше трудничкото стомаче на убавата Бразилка.
Лима и Лемерс беа гости и на доделувањето на наградите „Women in Motion“.
За оваа пригода, Лима носеше фустан со ултра висок шлиц.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret носи момче. Ова ќе биде нејзино прво дете со Андре.
Адријана има две ќеркички од бракот со Марко Јариќ.