Адријана Лима со новиот љубовен партнер присуствуваше на церемонијата по повод отворањето на музејот на Академијата за филмски уметности и науки.
На свеченоста во Лос Анџелес, бразилската убавица се појави во златен фустан од Nicolas Jebran.
Нејзин придружник беше Андре Лемерс, со кој за првпат зачекори на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција. Нивната врска беше обелоденета во јавноста годинава.