Адријана Лима заблеска на настан во родниот Бразил. 42-годишната манекенка изгледаше атрактивно и заводливо во гламурозна креација на свеченост организирана од Bulgari.
Во Сао Пауло се прославуваа 75 години од лансирањето на „Serpenti“ колекцијата на луксузниот бренд.
За оваа пригода, убавата Бразилка носеше фустан со висок шлиц и длабоко деколте, а сосем очекувано, нејзиниот стајлинг беше надополнет со накит од Bulgari.
Лима беше придружувана од саканиот Андре Лемерс.