Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Крис Еванс е Најсекси маж на светот за 2022

People: Крис Еванс е Најсекси маж на светот за 2022

„People“ го прогласи Крис Еванс за Најсекси маж на светот за 2022 година. Популарното списание секоја година избира еден славен маж на кој му ја доделува оваа титула.

Крис Еванс

41-годишниот актер, кој го глуми Капетан Америка, изјави дека неговата мајка ќе биде пресреќна за оваа вест.

„Мајка ми ќе биде многу среќна. Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто за коешто навистина ќе може да се фали“ – изјави тој.

Згодниот холивудски актер сними фотосесија за списанието.

Крис Еванс Крис Еванс

Крис веќе 22 години ја гради својата кариера, а сега признава дека е подготвен да го забави темпото на работа. „Најдобриот аспект во мојата кариера сега е дека се чуствувам доволно сигурен за да ја тргнам ногата од гасот. Сметам дека имам слобода да се повлечам малку од индустријата, а сепак да најдам проекти кои ќе го задоволат мојот креативен апетит кога ќе се вратам“ – додал славниот актер.

Крис Еванс Крис Еванс

Еванс вели дека најмногу време сака да поминува дома со семејството.

„Кога станува збор за барање на улоги кои ќе ги глумам, најголем проблем е каде се снима филмот. Стар сум за да живеам во куфер шест месеци и сега сум во подобра фаза и среќен сум кога сум дома“ – рекол Крис.

Крис Еванс Крис Еванс Крис Еванс Крис Еванс Крис Еванс

Минатата година за најсекси маж беше прогласен Пол Рад, а претходни носители на оваа титула се и Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Идрис Елба, Џорџ Клуни, Ричард Гир и Мајкл Б. Џордан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19723 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.