Музејот „J. Paul Getty“ од Лос Анџелес постави интересен предизвик за луѓето додека се во домашна изолација. Идејата беше пресоздавање на познати уметнички дела со предмети кои ги имаат во нивните домови и споделување на фотографии од резултатите на социјалните мрежи.
„Мона Лиза“, „Девојката со бисерна обетка“, „Фрида Кало“... Бројни лица ја вклучија својата креативност, а резултатите несомнено ќе ви измамат насмевка.