Како што се приближува датата за промовирање на новиот албум од Шаде, сè повеќе песни од овој албум се појавуваат на интернет. Албумот насловен „Soldier Of Love“ ќе биде пуштен на 8-ми февруари.
Овој албум на Шаде ќе се појави по десетгодишно отсуство од музичката сцена. Коментирајќи го тој факт, за SheKnows Шаде признала:
“
Правам песни само кога имам што да кажам. Не се интересирам од создавање музика само за да продадам нешто. Шаде не е бренд.
Една од песните кои ќе се најдат на новиот албум е и „Babyfather“. Коментирајќи ја оваа песна, легендарната Шаде за списанието People изјавила:
“
Babyfather е песна за тоа колку е прекрасно да бидеш родител, каква голема чест и привилегија е тоа и колку е ужасно да го пропуштиш. Сè додека се чувствуваш добро за себе, можеш да бидеш добар родител, а потоа настанува бескраен плодороден циклус.
Слушнете ги прекрасните нови песни на Шаде: „Babyfather“, „The Moon And The Sky“, „In Another Time“, „Morning Bird“, „Skin“, „Long Hard Road“ , кои можат само да нè остават без здив.
Освен овие шест песни, на новиот албум ќе можат да се најдат и уште „Soldier of Love“, „The Safest Place“, „Be That Easy“ и „Bring Me Home“.