Шаде им приреди музичко изненадување на своите фанови. По 7-годишно отсуство од музичката сцена, бендот објави нова песна.
Станува збор за баладата „Flower of the Universe“, која е дел од саундтракот за дизниевиот филм „A Wrinkle in Time“.
За соработката со 59-годишната пејачка, режисерката Ава Дувернеј изјави: „Не мислев дека ќе се согласи, но сепак ја прашав. Таа беше љубезна и дарежлива. Божица. Заедно започнавме патување кое никогаш нема да го заборавам. Со гордост објавувам дека Шаде создаде оригинална песна за Wrinkle in Time. Ова е остварување на сон.“