Мајка од Јужна Калифорнија добила закана за тужба зашто нејзиниот син им открил на соучениците дека Дедо Мраз не постои. Дел од родителите на децата ѝ се заканиле дека ќе ја тужат за емоционално страдање.
Таа ја раскажа приказната на социјалната мрежа Reddit и ја изрази својата загриженост, бидејќи како самохран родител не можела финансиски да си дозволи да ангажира адвокат.
„Минатата недела мојот син кој е првоодделенец им кажа на група деца дека Дедо Мраз не постои. Денес преку курир (не преку пошта), добив доста заканувачко писмо од добро позната, локална, елитна адвокатска фирма, закана за тужба... Треба да споменам дека едно од децата е во роднинска врска со вработен во фирмата, мислам дека таму работи брат на една од бесните мајки. Во писмото се наведени имињата на 8 деца кои биле истрауматизирани“ – пишува мајката и дополнува дека се бара син ѝ да стои подалеку од осумте деца.
Но, тоа не е сè. Родителите побарале на трошок на мајката да се ангажира актер Дедо Мраз за да се сретне со осумте деца, да им пее празнични песни и да им подели подароци, сè со цел да се поправи направената штета.
Во писмото било наведено дека мајката треба да ги исполни барањата до 15 септември.
Илјадници лица ѝ дадоа поддршка на мајката, а неколку адвокати се нафатија бесплатно да ја застапуваат доколку се стигне до судски процес.