Почетна » Новости » Занимливости » Дедо Мраз му ја исполни желбата на момче болно од леукемија и му приреди незаборавно изненадување

Дедо Мраз му ја исполни желбата на момче болно од леукемија и му приреди незаборавно изненадување

Празниците пристигнаа малку порано за едно момче болно од леукемија.

7-годишниот Пастор се сретна со Дедо Мраз откако во писмо адресирано до Северниот пол посака да помине еден ден со него. Среќното детенце доби прекрасно изненадување и имаше возбудливи активности со „омилениот дедо“. Заедно тие нахранија вистински ирвас, јадеа чизбургери, имаа борба со снежни топки и отвораа подароци.

Пастор Пастор Пастор Пастор Пастор

Целата атмосфера беше создадена специјално за Пастор од тимот на организацијата „Make-A-Wish“ во соработка со Macy’s.

„Кога тој го здогледа Дедо Мраз, изразот на лицето му се промени... беше магично. Тој имаше феноменално искуство“ – рекле од организацијата.

Пастор Пастор Пастор

Тетката на момчето во интервју изјавила дека нејзиниот внук премногу сакал да го види Дедо Мраз и дека денот бил одлично бегство од реалноста за време на неговите третмани против рак.

„Толку е среќен, што заборави на сè што се случувало во болницата. Ова беше многу специјално. Тој повторно е дете и може да ги прави сите работи што ги правеше пред престојот во болница“ – рекла тетката.

Пастор Пастор Пастор

Проектот „Believe“ значи дека за секое испратено писмо пред Божиќ, Macy’s ќе донира еден долар за организацијата „Make-A-Wish“ да помогне да им се исполнат желбите на деца кои се борат со сериозна болест.

Пастор Пастор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.