Почетна » Новости » Промо » Позитивното родителство е темелот за здрав развој на детето - Приватната градинка Little Me со еден поинаков пристап и совети до родителите

Позитивното родителство е темелот за здрав развој на детето - Приватната градинка Little Me со еден поинаков пристап и совети до родителите

Воспитувањето на детето е еден од најважните фактори за правилен детски развој кој како процес започнува веднаш по раѓањето. Мајката и таткото, и двајцата во улога на родители и први учители ја имаат одговорната функција да му овозможат многу љубов, грижа, воспитување и поддршка на своето дете.

Секој родител сака своето дете да го воспита на правилен начин, да биде добро и умно, позитивно и насмеано со емпатија кон блиските, но и кон сите во околината која го опкружува. Најчесто велат дека воспитанието на детето е огледало на воспитанието на родителот, затоа што неговото однесување е пример за детето.

Позитивното родителство е добар пристап за воспитување бидејќи има долгорочно и мотивирачко-двигателно влијание врз развојот на детето. Позитивното родителство се фокусира кон позитивен пристап и промовира клучни социјални вештини, правилно емоционално изразување, самопочит, овозможува охрабрување на детето, чувство на припадност, но и вештини самото дете да донесе одредена одлука и автономија.

Литл Ми

Како да се постигне ова? Првенствено преку поврзување на родителите и детето со топлина, љубов, добрина преку кои се постигнува градење на меѓусебна доверба на кој се темели целокупниот развој понатаму. Споделуваме неколку корисни совети што ќе ви помогнат при процесот на грижа и едукација.

Гушкајте го вашето дете. Децата сакаат прегратки и држење за рака, гушкањето ги зближува и ќе можат многу полесно да ги искажат своите емоции. Со разбирањето на емоциите и чувствата, и родителите и децата учат како да бидат поемпатични што ќе овозможи подобро да ги разберат и другите.

Понудете им различни активности во кои ќе можат да ја развиваат својата креативност. Обезбедете му различни активности на вашето дете, како што се прошетки во природа, игри, загатки, едукативни забавни работилници итн. Ваквите активности ќе му ја развијат креативноста, ќе се чувствува слободно и ќе го поттикнат на размислување и анализирање.

Негативните емоционални реакции заменете ги со позитивни. Најважно кај воспитувањето е родителот да му посвети позитивно внимание на детето. Ако тоа е темпераментно и има проблем со контролата, реакциите на родителот со лутина и потсмев само ќе го натераат да се чувствува полошо. Користете пофалби, убави зборови и охрабрувајте го детето постојано. Овој начин ќе овозможи вашето дете и во текот на младоста да ви ги искажува сите емоции, но и проблеми со кои ќе се соочува знаејќи дека ќе му помогнете без да се плаши дека ќе биде казнето.

Литл Ми Литл Ми

Овозможете му на вашето дете да посетува градинка. Детето полесно и подобро ќе може да се социјализира во градинка, ќе комуницира и ќе се дружи со другарчињата, а низ игра ќе учи. Градинката е особено потребна за детето бидејќи тука ќе стекне самодоверба, независност, креативност и критично размислување, што ќе му бидат од голема корист подоцна во животот. Градинката е вистинското место за вашето дете, градинката е безбедна и сигурна средина во која детето правилно ќе се развива, а исто така, и вие ќе може да се фокусирате на обврските во текот на работното време.

Приватната градинка Литл Ми важи за една од најдобрите приватни градинки во Македонија поради квалитетниот и креативен концепт на работа, квалификуваниот и талентиран тим, љубезната услуга, одличната непосредна и успешна соработка со родителите и пристапната цена.

Литл Ми Литл Ми

Оваа приватна детска градинка овозможува социјален, емоционален, когнитивен и физички развој на детето, кадешто ќе се чувствува пријатно, безбедно и сакано, а позитивната слика што ќе ја создаде за себе ќе му помогне за понатамошните успеси во животот.

Литл Ми

Позитивното родителство е темелот за здрав развој на детето, а посетувањето на градинка е клучно за негова социјализација и самодоверба. Овозможете им ги овие две комбинации на Вашето дете на едно место. Искористете ја можноста која ја дава градинката Литл Ми секогаш да одвои доволно време да се сретне со Вас - родителите и да Ве сослуша, упати и охрабри за сите натамошни чекори кои ќе ги превземете по однос на Вашето дете.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20836 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.