Почетна » Новости » Занимливости » Престојот во градинка барем една година пред детето да почне во училиште: Период од животот на детето кој не треба да се занемари

Престојот во градинка барем една година пред детето да почне во училиште: Период од животот на детето кој не треба да се занемари

Често, при средбите и контактите со родителите, кога во пракса се реализираат запишувањата на децата во градинката „ЛИТЛ МИ“, родителите ги поставуваат следните прашања:

  • кога мислите дека детето треба да појде во градинка, дали сега е вистинското време?
  • како и колку би можеле нашето дете да го подготвите за во училиште?
Градинка

Праксата покажува дека колку порано дечињата почнуваат да одат во градинка, толку можностите за нивен добар и правилен развој се поголеми и навремени од аспект дека се намалува можноста детето развојно да почне да отстапува, навреме да не се детектира некоја состојба или пак да се минимизира можноста детето да стане зависно и неразделно од телефон, телевизор или било каков медиум.

Секако дека попатно навиките, самостојноста, социјализацијата, говорот, комуникацијата, екстровертноста, самодовербата, трудољубивоста, истрајноста, креативноста.... секако дека има доволно време да се наметнат и станат секојдневие во однесувањето и постапувањето кај детето.

Детето кое од рана возраст ја посетува градинката, непосредно ќе го доживува, прифаќа и практикува доброто секојдневие и кога ќе дојде време да ја "замени градинката" со училиште, промената ќе ја прифати лесно, едноставно, со добро развиена и „набилдана" емоционална стабилност кое во превод ќе значи дека за детето нема да преставува шок промената на средината.

Градинка

Што се случува со дечињата кои воопшто не посетувале градинка, не се разделиле од домот, не се стекнале со одреден ритуал и кондиција во денот и кои немаат стекнато доволно основни предзнаења за во училиште?

Најчесто, во вакви околности, почетоците во училиште не се баш позитивни, напротив:

  • детето првиот период (може да трае скоро цело прво полугодие) одбива да оди во училиште, плаче, негодува, бурно реагира, станува дури и агресивно, анксиозно и на тој начин голем дел од својата енергија наместо кон учење, активно вклучување во наставата, другарување, градење емпатија кон новата учителка и децата, ја насочува во погрешна насока
  • детето кондиционо неподготвено тргнува во училиште немајќи доволно енергија и тренинг да одговори на очекувањата, да ги издржи часовите, да има доволно ментална концентрација и истрајност за време на часовите
  • детето, не ретко, се соочува со немање доволно добра интелектуална и когнитивна база на знаења и познавања, сиромашен фонд на зборови, често отстапувања во изговорот на некои гласови кое реално како состојба се детектира и корегира во предучилишниот период при престој во градинка
  • детето не е доволно добро оспособено за самостојна ориентација во просторот, тешко ја наоѓа, но уште потешко се ориентира и охрабрува да излезе од училницата макар и да има физиолошка потреба- уште една бариера која знае дури и да го одврати детето од одење во училиште
  • детето заради немањето чести, секојдневни, континуирани контакти во социјална средина како што би ги имало кога би престојувало барем една предшколска година во градинка, се однесува без емпатија кон другарчињата во училиште не споделувајќи, не давајќи, не позајмувајќи или не разменувајќи нешто лично со своите другарчиња
  • детето заради немање доволно добар тренинг за одговорност, често ги губи или заборава своите лични предмети кои ги носи во училиште, заборава или нема воопшто правилен пристап кон зададените задачи за дома... едноставно речено потешко се вклопува во процесот на образование како прваче
Градинка

Наспроти ваквите непосакувани состојби, што препорачуваат од градинката „ЛИТЛ МИ“:

  • детето најмалку една година, пред да треба да појде во училиште, задолжително да посетува градинка
  • преку престојот во градинка на детето да му се овозможи работа со посебна програма (која ЛИТЛ МИ градинката ја има) која ќе го развие и подготви во насока на сите аспекти од развојот на детската личност, ќе обрне внимание на емоционалната стабилност и зрелост на детската личност, ќе му помогне да стане личност која е одговорна кон себе, околината и средината во која во иднина ќе престојува доволно долг временски период од денот и која главен акцент ќе стави на индивидуалноста во пристапот и работата
  • детето престојувајќи најмалку една година пред поаѓање во училиште во градинка, да се става пред секојдневни предизвици, очекувања, задачи кои ќе се труди, поттикнува и мотивира да ги завршува во рок, квалитетно и успешно
  • градинката, во овој подготвителен период, да ја одигра улогата на мотиватор и водач и на семејството, не само на детето, со цел сите заедно да станат доволно добро, сигурно и темелно подготвени за новиот предизвик пред нив, а тоа е одењето во училиште
  • градинката да ги следи и имплементира во својата работа новите техники на модерно, напредно учење и подучување, воведувајќи смарт табли, работа на најелементарни знаења од ИТ технологијата во служба на едукацијата и наметнување правила, култура, бон тон, умереност и правилно дозирање во користењето на истите
  • градинката, стручните луѓе во неа, навремено да ја одиграат својата голема улога насочувајќи го семејството и охрабрувајќи го за новиот, убав почеток кој им претстои. Почетокот на кој треба да се радуваат, доволно подготвени и организирани да се соочат со истиот, заеднички да го осмислат и учествуваат во процесот на подготовка на новата детска соба, приборот и опремата за учење, новата облека и сл. Сето ова се добри епизоди во животот на детето кои остануваат длабоко врежани во меморијата на децата, кои ги мотивираат, храбрат и прават решителни.
Градинка

Градинката ЛИТЛ МИ“, како и за секоја друга возраст на деца, така и за оваа темелно и длабоко размислува што сè треба да се испланира, искреира, создаде и овозможи за оваа категорија на дечиња.

Споменот и сеќавањата на децата кои оваа градинка до сега ги има испратено во училиште,нивните резултати и постигнувања во училиште секако се еден голем мотив секоја наредна година програмата која посебно се креира за нив да биде поквалитетна, разновидна со содржини, методи, начини и техники преку кои истата ќе се реализира.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20822 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.