Почетна » Новости » Актуелно » Елена Ивановски, менаџер на приватната детска градинка Литл Ми е пример за успешна деловна жена, која преку кариерата ги остварува своите соништа

Елена Ивановски, менаџер на приватната детска градинка Литл Ми е пример за успешна деловна жена, која преку кариерата ги остварува своите соништа

Наградите, признанијата, видливите резултати во практичното работење и делата што ги оставаме зад себе, се доказ за успешност на професионален план. Но, дефинитвно најголемите успеси се постигнуваат кога ја работите работата од вашите соништа и затоа, среќен е тој што успеал да го следи својот сон и секој нов работен ден го започнува со голем ентузијазам. Кариерата на Елена Ивановски е пример и доказ дека соништата се остваруваат. На прашањето: „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, нејзиниот одговор бил дека сака да работи во градинка со многу деца. Денес е дипломиран економист, а истовремено работи како менаџер во приватната детска градинка Литл Ми. Нејзината кариера е уникатен спој на економија и менаџирање, со секојдневна комуникација со деца и нивните родители. Добитник е на многу награди и признанија, но сепак нејзиното најголемо признание е успехот што го постигнува Литл Ми со задоволни клиенти, односно насмеани дечиња и уште позадоволни родители, кои имаат безрезервна доверба кон целиот Литл Ми тим.

За предизвиците во работењето, постигнатите успеси и идните цели, разговаравме со Елена Ивановски, дипломиран економист и менаџер во приватната детска градинка Литл Ми:

Елена ИвановскиЕлена Ивановски, менаџер во приватната детска градинка Литл Ми

Колкав е предизвикот, но и задоволството да се менаџира со иституција од ваков тип каде што децата на предучилишна возраст се во фокусот?

- Задоволството е огромно, а предизвиците уште повеќе од тоа. Секојдневните средби со дечиња и со нивните родители, поставуваат нови предизвици, соочувања со нивните потреби и барање нови решенија за најразлични состојби. Градинката е сериозна институција, која не дозволува ниту најмала импровизација, затоа што станува збор за деца кои се во фокусот на мојата работа, моја одговорност, одговорност на вработените кои секојдневно ги менаџирам, со цел на крајот на секој еден ден имаме успешно завршена приказна. Целиот процес во установа од овој тип е многу комплексен, од аспект на тоа што го сочинуваат многу фази кои синхронизирано треба да се водат, затоа што децата имаат потреби кои не можат да чекаат, напротив мора да се овозможат сега и веднаш. Родителите кои ќе ја дадат довербата кон нашата градинка, влегуваат во соработка со големи очекувања, како во насока на обезбедување квалитетни услови за престој на нивните деца, така и во насока на подобрување и воведување иновации во програмата од воспитно образовен карактер, прифаќање и имплементирање на добрите практики од системите на предучилишно воспитание и образование од земјите од соседството, но и пошироко. Задоволна сум кога ќе успееме да донесеме нова практика во работењето, кога ќе успееме да воведеме нов метод на работа и кога сите дечиња на крајот од денот ќе заминат дома побогати со нови знаења, како резултат на трудот кој ние сме го вложиле како тим кој ја сочинува нашата институција.

Која е вашата улога во Литл Ми?

- Мојата работа во Литл Ми е интересен спој помеѓу тоа како јас се замислував кога ќе пораснам и професионалниот пат кој го одбрав во животот. Кога бев мала, себеси се замислував како ги следам стапките на мојата мајка и како работам во градинка со дечиња. Кога пораснав, тој сон доби модификација. Литл Ми е реализирање на модификацијата на сонот на „малата јас“. Оттаму произлегува и името на градинката всушност. Убаво е да споделам дека моето семејство застана зад мојата идеја да го исполнам својот сон и да ја реализирам мојата професионална определба. Така се роди Литл Ми. Со мојата позиција во градинката, придонесувам за дечињата, со тоа што создавам и се вложувам во воведување нови, секогаш различни содржини, а како специјалист по економски науки, придонесувам и во разработувањето на други сегменти од предучилишното образование, во работата со вработените, надворешните соработници, локалните самоуправи и активности за подобро позиционирање на секторот на приватни детски градинки на ниво на нашата држава. Континуираното сум посветена на стручно усовршување и дообразување, преку следење обуки и семинари на теми поврзани со педагогија, детска психологија, навлегувам се поинтензивно во сферата на логопедијата и дефектологијата, трудејќи се да создадам свет со добра инклузивна практика за сите дечиња и семејства кои се соочуваат со состојби кои отстапуваат од очекуваниот правилен раст и развој.

Елена Ивановски

Литл ми има единствена мисија - задоволни клиенти, односно насмеани деца. Дали една детска, искрена насмевка може да ве инспирира во работата?

- Децата се секојдневна инспирација. Јас веќе сум реализирана како сопруга и родител на две дечиња и потполно ја разбирам родителската и семејната грижа кон децата. Родителите секогаш го посакуваат најдоброто за своето дете, а заедно со мене и мојот тим ги споделуваат најдлабоките и најреални состојби на едно родителствување. Мојата и улогата на тимот, е секогаш да бидеме подготвени за секоја нова приказна-секое дете. Пристапот секогаш ми е индивидуален, персонализиран, со голема доза позитивна енергија и преземање одговорност дека сè од почеток до крај, мора да функционира беспрекорно. Детските души се чисти како солза. Децата не знаат ниту да лажат, ниту да те повредат. Знаат да се среќни, тажни, весели, разиграни и токму таа нивна енергија е двигателот во Литл Ми. Тоа чувство на одговорност кон нив ми дава посебна содржина на денот, знаејќи дека сè што би сторила јас заедно со мојот тим, ќе биде токму за нивната насмевка и среќа. Искреноста на дечињата, непосредноста и нивната потреба за блискост, мене ме мотивира да вложувам повеќе труд во работата. Сите деца заслужуваат да бидат среќни и насмеани.

Иако важите за млад менаџер, имате постигнато големи успеси во кариерата. Кои награди и признанија се од посебно значење за Вас?

- Континуирано работам на свое дообразување, со цел да бидам во чекор со новите и актуелни промени, со сè што е актуелно во земјава, но и надвор, со цел сето тоа подоцна да го сублимирам и имплементирам во работата на градинката Литл Ми. Особено важно признание за мојата работа е Business Elite's Under 30 наградата, која ми беше доделена во 2020 година, а бев номинирана од страна на родител на дете згрижено во Литл Ми. Самата награда е едно големо признание за мене и мојата работа, а уште поголемо признание е фактот дека иницијативата за наградата, всушност потекнува од родител - корисник. Сепак, најголемото признание е вториот објект на Литл Ми со речиси исполнет капацитет, добрата, непосредна, конструктивна и искрена комуникација со родителите, убавиот амбиент за работа, добрите гласови и позитивните критики кои на далеку се слушаат. Големо признание за Литл Ми е бројниот кадар, односно воспитувачи и негователи кои се подготвени, обучени, стручно внесени и оспособени за работа и заедничкото успешно работење во последниве 6.5 години. Горда сум за успехот што го постигнува Литл Ми. Сите признанија и награди се само мотив за повеќе работа, труд и истрајност, особено во денешно време, во услови на тешка економска криза, кога само рационалниот пристап кон работата и доброто планирање и координирање, можат да воспостават добар баланс и опстанок. Сметам дека довербата што ја стекнавме кај родителите е резултат на многу труд, љубов и посветеност. Со секој сертификат, признание или награда, си поставувам уште повисоки стандарди кои требa да ги постигнам и надминам.

Елена Ивановски

Што е клучно за успех кога е во прашање менаџерската кариера во детска градинка?

- Не постои успех доколку не го сакаш тоа што го работиш, љубовта кон работата е основата за успех. За успешно да се менаџира детска градинка, дефинитивно мора да се следат сите новини кои се случуваат, а имаме навистина многу добри примери на одлично работење на предучилишен сектор во земјите од соседството. Отвореност, искреност, позитивна енергија, љубов, емпатија, лидерство и тимска работа се сегменти кои наидуваат на голема почит од страна на вработените, но и од страна на родителите на дечињата. Тимската работа особено ја истакнувам и почитувам во работењето на Литл Ми. Сите работиме заедно, сите успеси или падови заеднички ги споделуваме, поднесуваме и надминуваме. Секој вработен има своја позиција, свои работни задачи, кои кога ќе се вклопат, го даваме крајниот производ кон корисниците на услугата. Одличниот тим на вработени со моите лидерски способности, отвореноста на Литл Ми кон секој еден кој има желба да биде дел од тимот, успехот и резултатите кои децата ги покажуваат, задоволните родители го прават Литл Ми тоа што е денес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.