Шакира соработуваше со мексиканската група „Fuerza Regida“ за својата нова песна.
46-годишната „кралица на латино музиката“ ја објави „El Jefe“ (Шефот), како и спотот за истата. Во него таа ги покажува своите препознатливи танцувачки потези и јава на коњ облечена во црвен стајлинг.
Еден од стиховите во песната е за нејзиниот поранешен свекор, Жоан, кој му е татко на Жерар Пике.
„Велат дека ниту едно зло не трае повеќе од сто години, но тука е мојот поранешен свекор кој сè уште не стапнал в гроб“ – пее Шакира.