Додека го чека моментот да стане мајка, Сара Мејс ја објави својата нова песна „Црна Капина“.
„Песнава е според мене една од најубавите на албумот Floating through space with Sarah Mace“. Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе.... ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа“ – вели Сара.
Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Зад реализацијата стои Љупка Андоновска.