Ед Ширан го освои светот со мега хитот „Perfect“, а на романтичната балада не остана рамнодушно ниту хрватското дуо 2CELLOS.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер снимија инструментална верзија на „Perfect“ непосредно по завршувањето на нивната турнеја низ САД.
„Каде и да бевме низ светот во изминативе месеци, секогаш ја слушавме ‘Perfect’ на Ед Ширан. Па, помисливме дека треба да има верзија со виолончело. Само што се вративме од турнејата низ САД, отидовме во студио и ја снимивме. Оригиналната песна има одлична мелодија и темпо кои знаевме дека добро ќе се прилагодат на виолончело. Можете сами да судите за резултатот“ – порачуваат талентираните музичари.