Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Безвременски дијаманти од Божиновски часовници и накит за безвременските 2Cellos

Безвременски дијаманти од Божиновски часовници и накит за безвременските 2Cellos

Времето е категорија со која сите ние секојдневно се бориме, барајќи начин секоја секунда да ја завртиме во наш прилог, но ретки се оние кои од секундите можат да создадат безвременски дела, овозможувајќи ни за момент да излеземе од рутината и да ги почувствуваме другите димензии. Токму тоа најуспешно го прави светската сензација - 2Cellos, претворајќи ја секоја мелодија надградена со незаборавната енергија на фантастичните челисти во незаборавно уживање на сите сетила, оставајќи безвременски дела кои ќе остават трага кај многу генерации.

„Божиновски часовници и накит“ со огромно задоволство продолжува да ги одликува сите уметници и артисти кои го разбираат концептот на време и успеваат да ги сопрат секундите, споделувајќи безвременски моменти за паметење со нас и сите наши пријатели.

Божиновски дијаманти за 2Cellos

„Симболично во знак на благодарност и со цел одбележување на прекрасната енергија споделена со македонската публика на познатото хрватско инструментално дуо им доделивме ‘БОЖИНОВСКИ‘ дијаманти, во име на сите кои присуствуваа на незаборавниот концерт. На овој начин како компанија продолжуваме да го одбележуваме секој значаен настан кој барем накратко ќе ни донесе шаренило во нашите животи и ќе нè потсети дека времето е тука за да се победи, а моментот за да се зграби и да се живее” – изјавија од Божиновски.

#ZivejGoMomentot

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19814 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.