Новиот албум на Селин Дион сè уште не е пуштен во продажба, но музичката дива им дава можност на лојалните фанови да ги слушнат сите нови песни.
Албумот „Loved Me Back to Life“ ќе ја врати на сцената 45-годишната пејачка која нема издадено албум на англиски јазик од 2007 година, кога го објави „Taking Chances“.
„Бев отсутна шест години. Имаше моменти кога си помислував: Дали луѓето ќе пишуваат песни за мене? Оставена сум на милоста и немилоста на песните, бидејќи не ги пишувам. Но, не можев да поверувам што слушам. Не се обидувам да се променам, не сакам луѓето да си помислат: Ова е целосно нова Селин. Но, сум на место во кариерата кога имам 45 години, сум во зенитот на животот и никогаш не сум се чувствувала вака. Сакам да се забавувам“ – изјавила Дион.